Насловна / Арт и дизајн / „Молк за…“ – изложба на ДЛУМ во МКЦ

„Молк за…“ – изложба на ДЛУМ во МКЦ

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер од 20 часот во галеријата на Младинскиот културен центар ќе ја отвори изложбата „Молк за …“ – трета од проектот „Поместени граници“. На изложбата ќе учествуваат автори членови на ДЛУМ, како и гости од странство: Моника Мотеска, Зорица Зафировска, Нехат Беќири, Андреј Митевски, ОПА, Антонио Пирковски и Лени вон Гелева, Никола Узуновски, Софија Григориаду од Грција и Ремијон Проња од Албанија.

MKC1

Според организаторот,  насловот упатува на молкот во општеството, а идејата е да бидат претставени автори што се занимаваат со концептуална уметност и кои имаат храброст, желба и надеж нешто да се промени.

Испрати коментар

Scroll To Top