Насловна / Вести / МЕПСО бара двојно зголемување на цената на преносот на струја

МЕПСО бара двојно зголемување на цената на преносот на струја

Директорот на АД МЕПСО, Куштрим Рамадани истакна дека побарале речиси двојно зголемување на цената за преносот на струјата што го врши компанијата.

„Побаравме зголемување на цената. Но, кога ќе видиме дека уделот на МЕПСО во сметката платена од крајни клиенти е некаде околу 3,5 проценти, односно во една сметка од 1.000 денари за МЕПСО плаќаат само 35 денари. Сите приходи од сметките во однос на преносот се инвестираат на вистинското место, затоа што имаме далекуводи кои се од 50-тите и 60-тите години и треба да се модернизираат. Побаравме скоро двојно зголемување. Ако тие досега на сметка од 1.000 денари плаќаат 35 денари, ние побаравме сега да платат по 60-70 денари“, изјави Рамадани.

Тој посочи дека последниот збор ќе го каже Регулаторната комисија за енергетика. Регулаторната комисија ја одредува цената на струјата во зависност од трошоците за работа на производителот ЕЛЕМ, преносниот оператор МЕПСО и дистрибутерот до крајните корисници ЕВН.

меп_resize

Испрати коментар

Scroll To Top