Насловна / Вести / Машиновозачот отишол до тоалет додека возот се движел со 150 километри на час

Машиновозачот отишол до тоалет додека возот се движел со 150 километри на час

Јапонските возови со текот на времето стекнаа легендарна репутација за точност и ефикасност. Сепак, понекогаш таа репутација доаѓа со цена, особено кога сте машиновозач и имате болки во стомакот.

j1_resize

Машиновозачот на еден од брзите возови во рамките на јапонската мрежа „шинкансен“ ја напушти локомотивата за да отиде до тоалет, додека возот јурел со 150 километри на час со околу 160 патници.

36-годишниот машиновозач го напуштил кокпитот на возот „Хикари 633“ на три минути и го замолил кондуктерот, кој нема дозволеа да управува со возот, да го одмени меѓу станиците Атами и Мишима во префектурата Шизуока.

j2_resize

Машиновозачот подоцна се извинил, оправдувајќи ја својата пауза во тоалетот со болки во стомакот.

Поради репутацијата на точност и ефикасност, возачот рекол дека за да не доцни, не сакал да го запре возот на најблиската станица.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top