Насловна / Архитектура / Мегапроект од осум милијарди евра ќе го смени ликот на Атина

Мегапроект од осум милијарди евра ќе го смени ликот на Атина

Атина ги почна работите на изградбата на своите први облакодери, при што „Хелиникон“ е опишан како најголемиот развоен и инвестициски проект во историјата на Грција.

Atina1

Тој ќе се реализира на местото на некогашниот меѓународен аеродром „Хелиникон“. Компанијата „Ламда дивелопмент“ планира да го претвори просторот од 620 хектари во комплекс од јавни паркови, луксузни резиденции, хотели, спортски објекти, ексклузивни продавници, казино и марина за јахти. Вкупната вредност на огромниот проект, кој треба да биде довршен за три и пол години, се проценува на осум милијарди евра.

Опозицијата и граѓанските групи  сметаа дека облакодерите целосно ќе ја променат панорамата на Атина и затоа долго време се бореа против изградбата на шесте облакодери високи по 200 метри. Во Атина моментално има само 25 високи згради и ретко која станбена зграда ја надминува височината од 27 метри.

Atina2

Испрати коментар

Scroll To Top