Насловна / Вести / Двојно помалку бетон – нова метода на печатење на бетонските конструкции со сложена форма

Двојно помалку бетон – нова метода на печатење на бетонските конструкции со сложена форма

Бетонот како најкористен материјал во градежништвото, а индустријата за производство на цемент  е еден од најголемите емитери на гасови со ефект на стаклена градина. Со помош на алгоритам за оптимизација, можно е да се проектираат згради за чија изградба е потребна помала количина на бетон, но од друга страна пак проблем создаваат ограничувањата кај оплатните системи во коли се налива бетонот. Меѓутоа, најновата метода која е осмислена од страна на тимот од EHT Zürich, го решава и овој проблем. Тимот истражувачи го сочинуваат тројца научници од  Physical Chemistry of Building Materials во соработка со стручњак од Digital Building Technologies.

eth1

Имено, осмислен е начин на печатење на сложени конструкции со двојно помала количина на бетон споредено со традиционалните методи. Предложеното автоматизирано решение ја комбинира брзината на изработка на бетонските елементи со помош на 3D печатач и геометриската прецизност на 3D печатената оплата која може повторно да се употребува. Методата користи „алгоритми за оптимирање“ за создавање на најефикасна оплата, а развиена е и постапка која овозможува контрола на брзината на поставување на бетонското полнење.  Развиен е иновативен процес кој овозможува динамички да се контролира брзината на поставување на бетонот со помош на 3D печатач. Ваквиот дигитален начин  на контролирање на карактеристиките на материјалот, значи дека бетонот во течна состојба може да се екструдира според сложената површина на оплатата и брзо да се постави, така што не му с епотребни дополнителни оплати за горниот дел на конструкцијата. Метдоата вклучува помал број на дигитални процеси на изработка, бара помалку мануелна работа и ресурси, па поради тоа е и поекономична во споредба со најсовремените алтернативи кои денес се во употреба. Во голема мера е понапредна во однос на користењето на традиционалните оплати кои имаат повеќе ограничувања во однос на обликот и можностите за примена.

eth2

eth3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top