Насловна / Арт и дизајн / Мебел направен од употребени тениски топчиња

Мебел направен од употребени тениски топчиња

Рециклирањето е тренд во светот на продукт дизајнот и моќно оружје против натрупување на ѓубре. Сè повеќе, дизајнерите посегнуваат по стари предмети, амбалажа, облека… и ги користат за своите нови парчиња мебел, детали, декорации… Младата дизајнерка Mathildа Wittock собира стари тениски топчиња и ги користи за обликување на корисни предмети.

Секоја година се произведуваат околу 300 милиони тениски топчиња, а речиси сите завршуваат на депонии по само неколку натпревари, каде што им се потребни повеќе од 400 години за да се разградат. Во обид да ја спаси планетата од ѓубре, еко-дизајнерката Mathildа Wittock, која и самата е страсна тенисерка, решила да најде начин да изнајде употреба на старата спортска опрема и почнала да изработува прилагодени лежалки, клупи и столчиња од топчиња.

На дизајнерката и е потребен околу еден месец за да изработи едно парче мебел. Секој елемент се сече и бои рачно, а боите се избираат индивидуално врз основа на желбите на клиентот. За една лежалка се потребни околу 500 тениски топчиња, додека за клупа долга еден метар се потребни 270.

Тениските клубови со задоволство ѝ даваат на Matildа Whittock стари топчиња. Дизајнерката моментално соработува со Валонскиот сојуз во Брисел, која ѝ ја понудил целокупната залиха од околу 100.000 топчиња, што би требало да биде доволно за неколку месеци работа.

Покрај изгледот на производите, Matildа се грижи и за тоа како ќе бидат згрижени. Деловите од предметите се спојуваат без лепак, така што на крајот од нивниот животен век мебелот може да се расклопи, а топќињата да се испратат на рециклирање, каде што купот се гори, а гумата се дроби за да се направи површина за спорт и игралишта.

Mathildа Wittock е талентирана белгиска дизајнерка која пред неколку години дипломирала продукт дизајн на факултетот Central Saint Martins во Лондон, со специјализација од биодизајн.

Откако дипломирала, Wittock започнала серија проекти за да пронајде решенија фокусирани на општествените вредности и зачувувањето на природата, а еден од нив е мебел направен од рециклирани тениски топчиња.

Испрати коментар

Scroll To Top