Насловна / Архитектура / МАРХ прослави 5 години постоење

МАРХ прослави 5 години постоење

Во саботата вечер во холот на Младинскиот културен центар, МАРХ прослави 5 години постоење. Прославата беше од отворен карактер и беше конципирана како Коктел + Архибазар + Разговори,, Свеченоста ја отвори со воведен говор, проф. д-р Бојан Каранаков, , при Архитектонскиот факултет кој меѓудругото истакна : „Во овие 5 изминати години МАРХ скромно, ненаметливо и полека растеше и се развиваше за да може вечерва гордо да застанат пред нас, членовите на колективот кој стои зад овие 4 букви“.

м1
Потоа се обрати, основачот на страната, Филип Конески, кој ја истакна нескриената радост за јубилејот, велејќи: „МАРХ се појави во едно време на безнадежност, на девастирање вредности и несигурност. Следствено на тоа, МАРХ се роди како реакција на оваа општествена акција. Тоа беше период на скептицизам, со кој се соочив секаде каде се обратив пред самиот почеток, но никој пат осудувајќи, единствено разбирајќи ја ситуацијата во која бевме сите подеднакво.
Затоа започнав сосем сам, со идеја дека впечатокот ќе се промени, доколку стремежот, љубовта и ентузијазмот пропратени со умерени чекори и воздржаност од големите и брзи очекувања, се преточат во искрено дело“.

м2
Ноеми Чаусидис го одржа завршниот говор, во кој се посвети на иднината и плановите за развој.
Меѓудругото, Чаусидис го објасни концептот на настанот, претставувајќи ги изложувачите на Архибазарот и гостите кои беа дел од разговорите.
По презентацијата, публиката беше поканета на пригоден коктел и закуска, по која следеше опуштена атмосфера, со музичкиот избор на Dj Drazi Drags. Повеќе за настанот можете да погледнете тука.

м3

Испрати коментар

Scroll To Top