Македонија и Србија забрзано работат на реализација на проектот за гасен интерконектор со должина од 70 километри, заради поврзување на своите гасни системи. Проектот ќе ја зајакне енергетската сигурност, и ќе се редефинира енергетската мапа на регионот.

Целта на гасниот интерконектор е воспоставување на двонасочна врска за транспорт за природен гас помеѓу Македонија и Србија, со што ќе се овозможи пристап до нови извори на снабдување. Неговата должина изнесува приближно 70 километри (47 километри во Србија и 23 километри во Македонија). Во Македонија, ќе биде поврзан на постоечкиот гасовод кај Клечовце, а во Србија кај гасоводот во Врање. Владите на двете земји претходно потпишаа Меморандум за разбирање за изградба на интерконекторот, додека националните оператори Србијагас и Номагас потпишале меморандум за соработка со цел забрзување на реализацијата на проектот.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија