Насловна / Вести / Македонија и Косово потпишаа меморандум за соработка во енергетиката

Македонија и Косово потпишаа меморандум за соработка во енергетиката

energy1

Министерството за економија на Македонија и Министерството за економски развој на Косово, потпишаа меморандум за соработка во секторот енергетика, кој подразбира развивање на односите во областа на електричната енергија, јагленот, природниот гас, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, сигурноста во снабдувањето со енергија, како и подготовката на инфраструктурните проекти за поврзување на електроенегетските и гасните мрежи на двете земји. Министерот за економски развој на Косово, Валдрин Лука, изјави дека особено корисна ќе биде размената нa информации и искуства во областа на обновливите извори на енергија, во насока на  постигнување на целите поставени од Енерегетската заедница. Двете страни разговараа и за можностите за снабдување на термоцентралата Осломеј со јаглен од Косово. Исто така, анализирано е и користењето на планираните хидроценрали Чебрен и Галиште за регионално балансирање.

energy3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top