Насловна / Вести / Мај годинава бил најтопол во последните 40 години

Мај годинава бил најтопол во последните 40 години

Во мај оваа година беше потопло за 0,63 степени Целзиусови, на глобално ниво, во споредба со просечната температура од истиот месец во периодот од 1981 до 2010 година.

Иако во Европа минатиот месец беше 0,3 степени постудено од вообичаеното, сепак температурите кои беа измерени се за 0,7 степени повисоки од просечните во текот на целата пролет, објави Европската служба за климатски промени.

maj1

Невообичаено високи температури се забележани во делови на Сибир, каде експертите измерија скоро 10 степени Целзиусови повеќе од порано. Ова предизвика годишно топење на мразот во оваа област, што досега не се случило, пишува Енергетски портал.

Мај беше 0,05 степени потопол од поранешниот носител на рекорд – мај 2016 година. Покрај тоа, глобалните температури во последните 12 месеци, од јуни 2019 до мај 2020 година, беа за 0,7 степени повисоки од просечните од 1981 до 2010 година, со што овој период температурата е еднаква на последните најтопли 12 месеци досега, од Октомври 2015 до септември 2016 година.

Според податоците на американската национална океанска и атмосферска служба (НОАА), 2019 година беше ставена како втора најтопла година од моментот кога беа направени мерењата, веднаш по 2016 година.

Метеоролозите на оваа агенција очекуваат дека 2020 година ќе заземе едно од првите пет места на тој список.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top