Насловна / Вести / „Кул“ место во Мадрид за чување багаж со стил

„Кул“ место во Мадрид за чување багаж со стил

Lock & Be Free е името на првиот шпански урбан синџир, кој сигурно ќе биде омилено место за сите туристи кои се наоѓаат или минуваат низ Мадрид.

Дека патниот багаж може дефинитивно да се чува со стил, го потврдува овој тотално кул простор, чија цел е токму безбедноста и чувањето.чување багаж во мадрид_2

Исполнет со жолти „шкафчиња“, односно популарни „локери“, идејата за овој простор била на модерен начин да се освежи концептот на традиционалните шкафови за привремено чување на багажи под клуч, а во тоа, шпанските дизајнери успеале со ефектниот колорит на ведриот ентериер, и тоа во жолто-бела комбинација.чување багаж во мадрид_3

Просторот изобилува со разиграни графички детали по белите „обложени“ метализирани ѕидови, како и светлечките тела кои се поставени така, што целиот простор зрачи со дополнителна доза на позитивна и весела енергија.чување багаж во мадрид_4

Инаку, се работи за простор од само 30 квадратни метри, кој освен чување багаж нуди и корисни информации, како што се, на пример, временска прогноза, цени на разни превози, време на пристигање до одредена дестинација, транспорт до најблискиот аеродром…

Lock & Be Free е место каде што багаж е безбеден, а неговите сопственици безгрижни.чување багаж во мадрид_1

Испрати коментар

Scroll To Top