Насловна / Архитектура / Скриена градина во густо населено јапонско предградие – внатрешен двор на работ на објектот

Скриена градина во густо населено јапонско предградие – внатрешен двор на работ на објектот

Додека современиот живот сè повеќе го намалува директниот контакт меѓу човекот и природата, во типично, густо населено јапонско предградие во градот Фуџиједа се наоѓа мала и необична зелена оаза на приватност.

2

10

Опкружена со планини на север, и прекрасен градски пејзаж на југ, оваа локација била идеална за експеримент во станбена архитектура, што станува растечки тренд во Јапонија. Со оглед на тоа што се наоѓа веднаш до станбена зона, било вистински предизвик да се зачува недопрената природа, животниот комфор и приватноста. Ma-style architects, талентирано архитектонско дуо од Јапонија, ги откриваат своите размислувања за процесот на проектирање на Скриената градина: „Приватноста беше клучна за дизајнот. На почетокот мислевме да изградиме куќа со внатрешен двор. Меѓутоа, така немаше да се задржи приватноста околу дворот, ниту циркулацијата на воздухот. Сакав куќа со внатрешен двор на работ на објектот. Така дојдов до идејата за лебдечки ѕид“.

1

Надворешниот ѕид, висок 2,4 метри и подигнат скоро еден метар од земјата, овозможува целосна приватност, а воедно и продирање на светлина и одлична вентилација. Ова целосно затворање со минималистичка бела фасада потсетува на начелото на Адолф Лоос дека архитектурата треба да биде воздржана однадвор и просторно богата одвнатре.

80

Додека останатите станбени објекти директно се поврзани со улицата, Скриената градина од неа се оградува. На тој начин имате можност да се изолирате од надворешниот свет и да се впуштите во вашето интимно катче. Зелениот раб и лебдечкиот ѕид го поврзуваат просторот и во исто време ја покажуваат внатрешната и надворешната граница, користејќи стакло кое придонесува за чувството на отвореност.

3

Авторот објаснува: „Одлучив единствената граница меѓу внатрешниот и надворешниот простор да бидат стаклените панели, за да може дневната соба заедно со зеленилото да се согледа како една целина“.

5

Скриената градина стана нејасна област која се протега долж работ на целиот објект. За оваа неодредена граница придонесува и променливоста на зелениот раб во текот на годината, каде растенијата го менуваат својот карактер во согласност со годишното време, а со тоа постојано го освежуваат ентериерот, правејќи го интересен и никогаш ист. Внатрешноста на куќата е исполнета со светли простории од отворен тип, што е чест пристап на јапонските архитекти во третирањето на ентериерот на семејните куќи.

12

9

4

7

6

Испрати коментар

Scroll To Top