Насловна / Архитектура / Куќата на Carlos Herrera, софистициран пристап кон современ луксуз (видео)

Куќата на Carlos Herrera, софистициран пристап кон современ луксуз (видео)

Култивирани тонови и чисти линии за викенд на мексиканскиот архитекта. Од пространи клубови и одмаралишта до осамени приватни резиденции мексиканскиот архитекта Carlos Herrera е познат ширум Латинска Америка по неговиот софистициран пристап кон современиот луксуз во сите размери.

1_resize

Неговиот дом во Cuernavaca, околу триесетина минути возење јужно од Мексико Сити, не е исклучок. Пространа бетонска композиција, открива земјен, елементарен вид модернизам со едноставен, тежок мебел и бескраен травертин и мермер.

3_resize 2_resize

Самонаречен „беж маж“, кој непогрешиво е свртен кон неутралните тонови, естетиката на Herrera, истовремено е непоколеблива и потеценета, смела во својата истрајна употреба на остри агли, чисти линии и тешки материјали, нежна во својата палета и беспрекорна интеграција во околните пејзажи.

6_resize 4_resize 5_resize

„Ова е место за викенди, малку луѓе постојано живеат овде“, вели Herrera за соседството. „Имаше многу странци во 60-тите и 70-тите години, кои овде живееа поради фантастичните временски прилики, но сега е потивко. Да се забавува, да се дочекуваат многу гости – тоа е целта на оваа куќа “.

8_resize 10_resize 7_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top