Насловна / Вести / Светска банка со програма за компаниите на Западен Балкан

Светска банка со програма за компаниите на Западен Балкан

Светската банка стартува со програмата PowerUp, за иновативни мали и средни претпријатија и сартап компании од подрачјето на Западен Балкан, под името „Унапредете го својот бизнис модел, изградете отпорност и подгответе ја својата компанија за раст“.  Рокот за пријава на јавниот повик е 30-ти септември, програмата е бесплатна и предвидено е да трае од октомври до февруари 2021 година, пренесува Танјуг.

„Светска банка во рамките на својата програма ќе помогне во зајакнување на капацитетите на компаниите во земјите од Западен Балкан, во раната фаза од нивниот развој. Програмата која ќе опфати околу 200 компании е финансирана од страна на Европската Унија, во склоп на WB EDIF а со поддршка на глобалната консултантска куќа Deloitte”, се вели во заедничкото соопштение.  Околу 100 компании со најдобар учинок во текот нa програмата, ќе бидат поканети во март 2021 да се натпреваруваат во PowerUP final”, кое ќе се одржи на атрактивна локација на подрачјето на Западен Балкан, и ќе го претстават своето работење пред инвеститорите и претставниците на корпорации и медиуми. Програмата PowerUp е наменета за мали и средни претпријатија и стартап компании кои се во потрага по нови наччини на привлекување на нови клиенти и купувачи, унапредување на своите бизнис модели и странски инвестиции. Исто така, програмата е наменета и за оние кои сакаат да остварат видливи резултати во краток рок, да изградат отпорност и да продолжат успешно да работат и по пандемијата од COVID-19. Програмата ќе им овозможи на компаниите вмрежување со други компании, инвеститори, успешни претприемачи и претставници на корпорации. Сите компании кои ќе бидат одбрани за учество во оваа програма, ќе добијат поддршка и обука за понатамошен развој на работењето, која ќе биде насочена кон зајакнување на отпорноста на кризата предизвикана од пандемијата и зголемување на нивната способност за привлекување на инвестиции.

Трите најуспешни компании на PowerUP final ќе добијат „Награда за претприемачка извонредност на Западен Балкан“ за различни категории, како и ексклузивна, прилагодена деловна советодавна поддршка од страна на локални и регионални стручњаци од  Deloitte. За учество во програмата компаниите треба да ги исполнуваат следните критериуми: да се регистрирани во една од земјите на Западен Балкан; да работат најмалку една година; да вработуваат помеѓу 3 и 100 лица; да се иновативни и да имаат свој производ или услуга која им носи приход на најмалку еден пазар и за кој компанијата има цел да ја зголеми продажбата; не смеат да се бават со производство на алкохол, цигари, оружје или други слични дејности.

WB1

wb2

Испрати коментар

Scroll To Top