Насловна / Архитектура / Куќа во Мелбурн проектирана и за деца и за баби и дедовци

Куќа во Мелбурн проектирана и за деца и за баби и дедовци

Шиндра распоредена во различни модели на надворешните ѕидови на куќа за повеќе генерации  во предградието Кју во Мелбурн.

На секој блок на куќата позната како Charles House, шиндрата му дава сопствен идентитет, помагајќи да се фрагментира површина од 350 квадратни метари.

2

Архитектите од бирото Austin Maynard Architects сакале куќата да се разликува од останатите новоизградени во соседството, а ја одбрале шиндрата за да се вратат на историските карактеристики на местото.

„Додека некои соседни куќи се натпреваруваат за внимание и статус, нашиот предизвик беше да создадеме дом кој нема да доминира на улицата и ќе биде вклопен во градините“, велат архитектите за Dezeen.

1

„Целта ни беше да создадеме дом кој нема висока одбранбена ограда, туку наместо тоа нуди отвореност и живот на улицата“.

„Ни се допаѓаат кровови од шиндра покриени со лишаи на многу од старите домови во околината и сакавме да одговориме и да се поврземе со оваа богата материјална историја, без копирање или создавање мешавина од минатото“, додаваат.

11

12

Куќата е проектирана за петочлено семејство, а од архитектите е барано да размислат за аранжман кој исто така во ќе може да смести поширокото семејство во наредните години.

Просториите се предвидени да можат да се пренаменат, овозможувајќи им на бабите и дедовците на семејството да се вселат и да се грижат за децата додека израснуваат во тинејџери и возрасни млади луѓе.

4

Во приземјето распоредени се салоните, трпезаријата и гаражниот простор со директен пристап до градината свртена кон север.

Собите може да се спојат или да се одвојат во зависност од нивната употреба, со предвидување дека просторите во наредните години ќе треба да се претворат во студентски стан или стан за бабите. Разгледан е и пристапот со инвалидска количка до градината.

Засега, соседните детски соби се сместени на првиот кат, каде што се поврзуваат со ходници и дневната соба.

15

7

Главниот апартман, гардероберот и бањата се одделени од детскиот дел со мост.

Достапноста на домувањето, грижата за децата и грижата за стари лица претставуваат некои од најголемите предизвици во австралиското општество“, велат архитектите. „Повеќегенерациското домување е меч со две острици“.

5

„Тоа е прекрасно на многу начини – разновиден семеен дом често е здрав семеен дом; сепак, домовите за повеќе генерации ја одразуваат и природата на нашата економија и ужасните последици од недостапноста на домувањето“, велат проектантите и додаваат: „Го поздравуваме покомплексното разбирање за тоа што значи семејството и ја препознаваме модерната урбана изолација, подолгите работни денови, тешкотиите во грижата за децата, зголемувањето на трошоците за пензионерите и непристапноста до квалитетно прифатливо домување – не само за младите, туку и за постарите лица“.

6

10

Езерце со риби кое е под мостот се протега во градината, а површините од шиндра и дрвени облоги се вовлекуваат во внатрешноста – визуелно ја зајакнува врската помеѓу внатре и надвор што проектот сака да ја постигне.

Градините ја обвиткуваат куќата и се спојуваат со спортско игралиште на задниот дел од парцелата.

21

Хортикултуралното уредување е мешавина на автохтони садници на местото, создавајќи „домашна џунгла“.

Над прозорците поставени се хоризонтални настрешници, помагајќи да се минимизира соларната добивка во лето, додека во зима ја задржуваат топлината. Жалузините и соларните панели поставени на кровот, исто така, помагаат да се надомести потрошувачката на енергија.

20

3

13

16

19

9

14

17

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top