Насловна / Архитектура / Куќа позади зелен кров

Куќа позади зелен кров

За да се обезбеди приватност на станарите, внатрешноста на оваа куќа во Полска сокриена е со кров од соседите и од пристапниот пат.

2
Нема сомнеж дека името на куќата House Behind The Roof потполно е оправдано со нејзиниот конструктивен склоп и дизајн. Имајќи во предвид дека се наоѓа во приградската зона на Краков, како дел на комплекс од десет независни куќи, чив дополнителен развиток се очекува, на време се мислело на приватноста.

7

Со динамичноста на развитокот на градот, се повеќе околни слободни природни локации се претвараат во станбени населби. За да не се загрози природното опкружување и земајќи ја во предвид иднината на станбените населби, архитектонското биро Superhelix Pracownia Projektowa имало еколошки пристап при проектирањето. Северниот кров на куќата е прекриен со зеленило, додека соларните плочи се поставени на сончевата, јужна страна.

6

5
При конструирање на зелениот кров секако дека поедноставна варијанта била примена на рамен кров. Меѓутоа, локалните закони тоа не го дозволувале, неопходно било да се изведе кров со пад од 45 степени, што воедно било и поскапо решение. Со тоа површината на кровот е поголема од што би била доколку кровот бил рамен, па може да се гледа на начин дека на природата и е вратено повеќе зеленило одошто и е одземено.

1
Карактеристичен сегмент на куќата е и потконструкцијата на кровот изведена од ламелирано дрво, која продира и во внатрешноста на објектот.
Во Superhelix архитектонското биро, големо внимание е насочено кон промена на материјалот со тек на времето. Па така фасадата на куќата е прекриена со незаштитени плочи од црвен кедар кои со тек на време ќе патинираат и ќе добијат прекрасна, сребрено – сива нијанса.

3
Иасто така на зелениот кров не му треба посебна грижа. Растенијата не бараат додатно залевање, а северно орјентираната позиција на кровот овозможува кровот да има сенка, што овозможува растенијата да ја задржуваат водата.

10
9
Поради лошо организираниот приградски јавен превоз, жителите на оваа населба воглавном користат сопствен превоз, па гаражата е организирана во рамки на куќата, во близина на дневната соба и кујната. Куќата е обликувана во правоаголна основа на површина од 189 квадратни метри.. Собата за гости, тоалет и помошни соби исто така се сместени на приземјето.

13

На првиот кат се сместени родителската спална соба со купатило, две детски соби и купатило за деца и игротека, која може да се адаптира во додатна детска соба, доколку се прошири семејството.

14

12

4

Испрати коментар

Scroll To Top