„Вимблдон“, тенискиот Грен слем турнир со најдолга традиција, започнал да се одржува од 1877 година. Тогаш учествувале 22 тенисери аматери (сите мажи), а поради дожд натпреварите често се одложувале. До крајот на Првата Светска војна, интересот за тенискиот турнир се зголемил, така што прославениот All England Lawn Tennis & Croquet Club (AELTC) морал да најде начини за проширување на капацитетите за публиката. Во 1920 година, купено е земјиштето на кој е изграден Централниот терен со 14.000 седишта. Неговото отворање е на 26-ти јули 1922 година, токму навреме за турнирот во таа година. Биле потребни 3.000 тони шиндра, 1.700 тони песок, 600 тони цемент и само 9 месеци за неговата изградба.
На жените им било дозволено да играат од 1884 година, а првата шампионка Лоти Дод, до денес го држи рекордот на најмладата освојувачка на турнирот со само 15 години.
Во текот на своето суштествување, Централниот терен има минато низ многу промени. Во 1946 година направена е сериозна реконструкција, бидејќи во текот на Втората Светска војна, бомбардирањето оштетува значителен дел од покривот и 1.200 седишта. Познатиот Clubhouse балкон бил додаден во 1955 година. Источната зграда е направена во 1967 година, а Северната во 1975. Последната значајна промена – подвижниот покрив, е направена во 2009 година.


Во текот на повеќе од еден век историја, овој терен донел неверојатни спортски моменти: Спасувањето на шест меч топки од страна на Јарослав Дробни, во епски меч од 1953 година; петте финални мечеви меѓу Навратилова и Еверт; ривалството меѓу Ѓоковиќ и Федерер со најдолгиот финален меч во 2019 година….Неверојатно каква магија може да се направи со 600 тони цемент, подвижен покрив и малку трева.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија