Насловна / Архитектура / „Конкретна/бетонска утопија. Архитектурата во Југославија 1945-1980“, книга на годината

„Конкретна/бетонска утопија. Архитектурата во Југославија 1945-1980“, книга на годината

Британскиот брутализам, Југословенската архитектура и Студијата на реката Јамуна во Индија се помеѓу десетте најзначајни архитектонски книги издадени оваа година во различни категории и на различни теми. Избрани се од престижниот Саемот на книгата во Франкфурт и Deutsches Architekturmuseum. Објавува италјанскиот Domus.
Организаторите разгледувале 238 поднесени книги за да изберат десет победници од категориите на десетото издание DAM Architectural Book Award. Изборот се заснова не само на содржината на книгата, туку и на квалитетот на графичкиот дизајн, фотографиите и типологијата на секое издание.
Наградите, доделени по категотии, вклучувајќи архитектонски теории и урбанистички студии, објавени се на Саемот на книгата во Франкфурт, кој се одржува од 10 до 14 октомври 2018 година.

скендер

Победник во категоријата урбана студија: „51N4E, плоштад Скендербег, Тирана“. Оваа книга го документира редизајнирањето на плоштадот Скендербег во Тирана и ја разгледува работата на белгиското архитектонско студио.

ју

ју1

Победник во категоријата (современа) историја/изложба: „Конкретна утопија. Архитектурата во Југославија 1945-1980“. Каталог од истоимената изложба во њујоршка МоМА посветена на една квалитетна архитектура која се реализирала во Југославија во тој период.

умот

Победник во категоријата архитектонска теорија/градежна монографија: „Dam Hans van der Laon. Куќа за умот“.

рипл

Победник во категоријата илустрирана книга/документарен филм: „Франц Рипл се појавил на земјата“. Австрискиот архитект Франц Рипл во оваа монографија го разгледува својот пристап кон шест објекти: квадратен двор, стан, станбена зграда, месара и две куќи.
бучава
Победник во категоријата пејзажна архитектура: „Бучава пејзаж. Просторно истражување на аеродромите и градовите“. Анализиран е и споредуван пејсажот околу осум европски аеродроми: Амстердам, Цирих, Лондон, Хитроу, Франкфурт, Минхен, Мадрид, Париз.

британска
Победник во категоријата „ѕидната книга“: „Симон Фипс пронаоѓање на брутолизмот: фотографско истражување на повоената британска архитектура“. Ова е збирка на есеи проследена со 125 фотографии.

потемкин
Победник во категоријата илустрирана книга/специјална тема: „Потемкиново село“. Фотографско истражување на австрискиот фотограф Грегор Сајлер кој ја опишува апсурдноста на репликите.

јамуна
Победник во категоријата урбана студија: „Проект на реката Јамуна. Њу Делхи урбана екологија“. Ова е детална студија за реката Јамуна и проблемите со населувањето на нејзините брегови.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top