Насловна / Вести / Колумбија: Како Меделин ги претвори резервоарите за вода во јавни паркови?

Колумбија: Како Меделин ги претвори резервоарите за вода во јавни паркови?

Во текот на развивањето на мастер планот за системот за јавно осветлување, компанијата EPM од Меделин, ја анализирала инфраструктурата на градот и утврдила мноштво „темни острови“. Овие темни места биле всушност 144 резервоари за вода изградени на периферијата на градот, кои станале фокални точки на насилство и несигурност во областите кои и онака имаат недостаток од јавни простори и основна инфраструктура. Преку својот оддел за одржлив урбанизам (Sustainable Urban Interventions Department – DIUS),  EPM  ги анализирала 144 -те резервоари, со соодветните локациии, густина на населението, ограничувањата и сл., па избрала 14 од нив кои имаат најитна потреба од интервенција, но исто така се лоцирани во најсиромашните делови од градот, а со цел нивна ревитализација на одржлив начин, но и облагородување на целокупниот јавен простор во нивна близина.

Во проектот кој бил претставен на Венециското биенале во 2016 година, EPM презентирала проектни стратегии кои ја потенцираат улогата на овие објекти, не само како дека од критичната инфраструктура, туку како дел од секојдневието на граѓаните на Меделин. Имено, ѕидовите околу резервоарите се турнати, со цел да се интегрираат со својата непосредна околина, поставено е одлично дизајнирано осветлување, а додадени се и други содржини со што местата кои негогаш биле синоним за криминал и конфликт се претворени во одржливи јавни простори.

medelin2

medelin1

medelin3

medelin4

Испрати коментар

Scroll To Top