Насловна / Вести / Ќе се градат два нови блока во единствената нуклеарна централа во Романија

Ќе се градат два нови блока во единствената нуклеарна централа во Романија

Nuclearelectrica, операторот на единствената нуклеарка во Романија (NPP Cernavoda),  ја извести јавноста дека е потпишан прелиминарен договор за заеднички вложувања со две кинески компании, за изградба на нови блокови (3 и 4) во постоечката нуклеарна централа. Прелиминарниот договор е потпишан со „Кинеската генерална нуклеарна корпорација“  (CGN) и предвидува основање на проектна компанија која ќе биде техничка и оперативна платформа за понатамошен развој на проектот.

Рокот за формирање на новата компанија е 60 работни денови, од потпишувањето на овој договор, и истата ќе постои најмалку две години. CGN ќе има удел од 51% во проектната компанија, додека Nuclearelectrica ќе има  49%.  Во нуклеарната централа Cernavoda работат два реактори од 1996, односно 2007 година, со моќност од по 700 MW, кои обезбедуваат околу 20% од произведената електрична енергија во земјата.

cernavoda1

cernavoda2

cernavoda3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top