Насловна / Вести / Ќе нема панорамско тркало, но ќе има пешачки мост

Ќе нема панорамско тркало, но ќе има пешачки мост

Градоначалникот на Скопје,Петре Шилегов за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека одлучиле да не се гради панорамското тркало, но и да не се урива мостот, кој сега ќе стане пешачки.
„Донесовме одлука да се догради пешачкиот мост. Наместо бараните 7 милиони евра ќе платиме 3,1 милиони евра. Уривањето онака како што е сегашната позиција на мостот заедно со заостанатите плаќања и обврските кон германските партнери кои требало да го градат тркалото би нè чинело 3 милиони евра. Успеавме за истата цена да договориме тој да се догради. Коритото на реката Вардар повторно ќе стане безбеден бидејќи нема да има фундаменти во него. Мислам дека оваа варијанта е добра за граѓаните“, вели градоначалникот Шилегов.

тркало
Шилегов објаснува дека направен е нов проект според кој мостот нема барокни елементи и ќе биде поставена проѕирна ограда да се гледа Камен мост.
Минатата недела Град Скопје и изведувачот ГП „Бетон“ постигнале договор мостот да се догради по пониска цена од онаа во првичниот договорот односно наместо 7 милиони евра, Градот да доплати 3,1 милиони евра.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top