Насловна / Вести / Кина: Загадувањето на воздухот ги блокира фотоволтаичните панели

Кина: Загадувањето на воздухот ги блокира фотоволтаичните панели

Високото ниво на загадување на воздухот во Кина, создава сериозни штети по здравјето не само на граѓаните на оваа земја, туки и на соседните држави. Но, исто така, овој проблем предизвикува и загуби во производството на електрична енергија од фотоволтаичните централи. Истражувањето објавено во списанието  Nature Energy заклучува дека до 15% од расположивата инсталирана моќност на ваквите постројќи не може да се претвори во енергија токму поради огромното загадување на воздухот. 

PVair1

Добрите вести се дека земјата во последниот период навистина се обидува на системски и органзиран начин да го намали загадувањето, и веќе има успех на тоа поле.

Во текот на своето истражување, научниците користеле податоци за мерење на соларното зрачење од 119 станици во Кина, за период од 1960 до 2015 година. Резултатите покажале дека зголемувањето на загадувањето влијаело врз намалување на прозиводството на енергија од соларните извори, и тој пад бил позиразен во секоја наредна година од анализираниот 55 годишен период. Во анализираниот период, Кина изгубила прозиводство на електрична енергија еквивалентна на 1,9 милијарди УСД.

PVair2

PVair3

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top