Насловна / Вести / Казни за четири индустриски објекти поради загадување на воздухот во Скопје

Казни за четири индустриски објекти поради загадување на воздухот во Скопје

Според планот за работа на инспекторите за животна средина на Град Скопје, месецов се извршени по две редовни контроли на сите 40 инсталации кои подлежат на Б–интегрирана еколошка дозвола, а за кои е надлежен Град Скопје.

„Во месец декември овластените инспектори за животна средина на Град Скопје извршија вонредни контролни мерења на 40 инсталации што подлежат на Б–интегрирана дозвола, како и на четири субјекти што подлежат на елаборат за заштита на животната средина. При вонредните контроли на овластените инспектори за животна средина со овластена лабораторија досега е утврдено пречекорување на граничните вредности кај четири инсталации кои се под надлежност на Град Скопје и истите ќе бидат санкционирани согласно со Законот за заштита на животната средина“, вели градоначалникот Петре  Шилегов.

4H5A0149

Дополнително, инспекторите работат и во смени, односно дежурство кое почнува од 6 часот наутро, како и по полноќ, сè до раните утрински часови, како и за време на викендите, сé со цел попрецизно и пореално да се утврди можното загадување на амбиенталниот воздух.

Исто така, велат од Градот Скопје, контролите се интензивирани на градилиштата, со посебен акцент на централното градско подрачје, но и другите поголеми градилиштa во другите општини, како и на територијата на општина Аеродром каде што се сконцетрирани поголемиот број од градилиштата. Притоа се контролирани 51 градилиште и врачени се осум казни и записници за миење на гумите, миење на улиците пред градилиштата и покривање на камионите што излегуваат од градилиштата со церади.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top