Насловна / Вести / Градежен институт Македонија отвори современа лабораторија во Црна Гора

Градежен институт Македонија отвори современа лабораторија во Црна Гора

Градежен институт Македонија отвори нова современа лабораторија во Градежен институт Монтенегро во Подгорица, Црна Гора.

Градежен институт Монтенегро е лабораторијата наменета за испитување и контрола на квалитет на градежните материјали и располага со опрема која може да врши испитувања по 86 стандарди – методи. Опремена со најсовремена и модерна техника од последната генерација, комплетирана за сите испитувања кои ќе ја покријат контролата на квалитет на бетон, асфалт и геомехника.

Otvoranje Gradezen Institut Montenegro (3)

Нашата стратегија е насочена кон постојано инвестирање во нови производи и услуги, целиме да ги задоволиме потребите на домашниот и регионалниот пазарот и да понудиме беспрекорен квалитет. Се надеваме дека Градежен институт Монтенегро ќе придонесе кон зголемување на понудата на врвни услуги како и подигнување на нивото на квалитет на градење во Црна Гора, вели Михо Јаневски, генерален менаџер на Градежен институт Македонија

Otvoranje Gradezen Institut Montenegro (6)

Стратегијата на Градежен институт Монтенегро е проширување на услугите и  во делот на проектирање,стручен надзор, консалтинг и изведување специјалистички градежни работи.

Otvoranje Gradezen Institut Montenegro (4)

Отворањето на лабораторијата во Црна Гора, воедно претставува обновување на веќе постоечката лабораторија на Градежен институт Македонија која е формирана во далечната 1979 година во Бар. Истата доживува проширување во Подгорица и Котор и делува се до 1992 година.

Градежен институт Македонија е лидер во градежништвото со традиција од 43 години и  успешно функционира на домашниот и странскиот пазар.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top