Насловна / Архитектура / Јавен повик за учество за Големата годишна награда на ААМ

Јавен повик за учество за Големата годишна награда на ААМ

Асоцијацијата на архитекти на Македонија, секоја година доделува Голема годишна награда на ААМ за најуспешно реализирано архитектонско дело за 2025 година, која е под покровителство на Претседателот на РС Македонија.

Право на учество имаат сите архитекти со завршен VII степен на образование и кои се државјани на Република Северна Македонија. Учесниците пријавуваат свои авторски дела – реализирани архитектонски објекти на територијата на државата, кои се изведени во истата календарска година.

Право на предлагање на учесници имаат и сите физички лица, државјани на Република Северна Македонија.

Предлогот треба да содржи:

  • име на објектот
  • име на авторот / авторите
  • овластување на проектантот / проектантите
  • технички опис
  • извод од план, ситуација
  • сите графички прилози (основи, пресеци, изгледи), 3Д визуелизации
  • фотографии од објектот

Наведениот материјал се доставува електронски на e-mail: [email protected]

Рокот за предавање на документацијата е до 26.11.2025 година.

Напомена: Учесниците кои не се членови на ААМ, а се наведени како автори, за учество плаќаат котизација од 3.500,00 денари по пријавен труд. Доказот за уплата на котизацијата е потребно да се достави со останатите материјали.

Телефон за информации: 070 377 258, Лице за контакт: Марија Димитриевска Цилакова

Испрати коментар

Scroll To Top