Насловна / Архитектура / Јавен повик за доделување на Голема годишна награда на ААМ

Јавен повик за доделување на Голема годишна награда на ААМ

Асоцијацијата на архитекти на Македонија, како и секоја година го распишува конкурсот за доделување на Големата годишна награда (ГГН) за 2019 година за најуспешно релизирано архитектонско дело во тековната година.

Screenshot_1
Големата годишна награда на ААМ, согласно чл. 41 од Статутот на ААМ и Правилникот за додела на наградата, се доделува за најуспешно реализирано архитектонско дело за тековната календарската година.
Право на учество имаат сите архитекти со завршен VII степен на образование.

Заинтересираните архитекти за учество треба да достават:

• Папка А4 или А3 формат со следната содржина:
• Текстуален дел
– Пополнета Пријава
– Овластување на проектантите
– Техничко образложение

• Графички прилози
– Извод од план (графички дел), ситуација (размер 1:500; 1:200), основи на приземје и катови, пресеци (размер 1:100; 1:200) и фотографии од објектот
• CD со сите материјали и прилози содржани во папката.

Папката и CD-то се доставуваат до канцеларијата на ААМ, на ул.:“Даме Груев“ 14а, Скопје, секој работен ден од 11:00 до 15:00 часот.
Папките не се враќаат на учесниците, остануваат архивирани во канцеларијата на ААМ.

Рокот за предавање е до 14.12.2019 год.
Пристигнатите трудови ги селектира, оценува и донесува одлука за добитникот на наградта петчлено жири составено од афирмирани архитекти, членови на ААМ.

Напомена: Учесниците во проектот кои не се членови на ААМ за учество плаќаат котизација во износ од 3.500 денари од пријавен труд.

Лице за контакт: Александра Пирганоска, арх. – технички секретар во ААМ
Телефон за информации: 3237-277, 076 350 336
e-mail: kontakt.aam@gmail.com
www.aam.org.mk

аам1

Испрати коментар

Scroll To Top