Насловна / Вести / Јапонска градина во Леверкузен

Јапонска градина во Леверкузен

Денес паркот „ Карл Дуисбург“ и Јапонската градина во Леверкузен формираат „зелен остров“ среде големиот индустриски комплекс Chempark.

1

Јапонската градина која лежи во овој ансамбл во Леверкузен прв пат е изградена во 1912. година покрај вилата на Карл Дуисбург, германски хемичар и индустријалец. По посетата на Јапонија во 1926. година, Дуисбург, одушевен од јапонската градинарска култура, одлучил да ја прошири градината.

2

3
Јапонската градина лежи во овој ансамбл на парк. Паркот зафаќа површина од 24 хектари, додека Јапонската градина завзема околу 1.7 хектари.

1008z653_25-zen---mir-

До оваа градина сместена на остров се стигнува со три моста и е дом на орјентални растенија. Покрај трева, папируси, чаеви, хризантеми и други растенија, може да се видат дрвја на секвоја, но и чајна куќичка со јапонски дизајн на ентериерот, фенери и покриен мост каков што може да се најде само во јапонските империјални градини и водени површини со јапонски желки. .и чајна куќичка во кинески стил со јапонски дизајн на ентериерот. Тука се и водени површини со јапонски желки.

4
Врв на годината е цветањето на на црешите во рана пролет. Но, градината, исто така, има многу да понуди и во текот на летото благодарение на прекрасните насади на едногодишни тревнати површини.

5

6

7

8

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top