Насловна / Вести / Извршен е пробен лет на првото летечко такси во Дубаи

Извршен е пробен лет на првото летечко такси во Дубаи

Компанијата Joby Aviation, го реализирала првиот пробен лет на своето целосно електрично летечко такси во Дубаи, што би требало да претставува важна пресвртница во модерниот превоз на патници. Joby Aviation се надева дека нивните летечки такси возила ќе им понудат побрза алтернатива на патниците и ќе го намалат притисокот на постоечкиот патен сообраќај.

Патувањето од главниот аеродром Dubai DXB до Palm Jumeirah со таксито Joby Aerial Taxi, ќе трае околу 12 минути. Од друга страна, за истата релација со автомобил се потребни 45 минути. Иако долгорочната амбиција на компанијата е своите такси услуги да ги направи достапни за сите, сепак признава дека на почетокот тие ќе бидат достапни за патниците со повисоки приходи. Инаку, пробниот лет е реализиран на пустинска локација југоисточно од центарот на Дубаи. Joby Aerial Taxi, е електрично летало за вертикално полетување и слетување (eVTOL) е развиено од страна на компанија со седиште во Калифорнија, а може да лета на оддалеченост до 160 километри со брзина која достигнува 320 km/h.

Испрати коментар

Scroll To Top