Насловна / Вести / Израел масовно ги следи телефоните поради коронавирусот

Израел масовно ги следи телефоните поради коронавирусот

Израелската влада одобрила хитни мерки кои ќе и овозможат на безбедносната агенција на земјата „Шин бет” во наредните две недели да пристапи на податоците на мобилните телефони на граѓаните за да може да го следи движењето на заразените со коронавирусот.

Ројтерс пренесува дека, израелската влада почнала да распоредува технологија за следење на мобилните телефони во борба против коронавирусот и издала директиви со кои ги повикува луѓето да не ги напуштаат домовите.

Израелското Министерство за здравство ќе ги користи податоците за да ги лоцира заразените и предупреди оние кои се во нивна близина, навдува владата.

Coronavirus developments in Israel

Меѓутоа, користење технологија за борба против тероризам во цел на следење заразени од вирусот и сите кои биле со нив во контакт, привлекло критики на групи за заштита на граѓанските права, веднаш штом премиерот Бенјамин Нетанијаху ги предложил во текот на викендот.

Израелските власти наведуваат дека целта на сајбер мониторингот, кој ќе биде на сила наредните две недели, исклучиво има за цел сопирање на ширењето на коронавирусот.

Испрати коментар

Scroll To Top