Насловна / Арт и дизајн / Изложби Сон за Јапонија и Хоризонт во Музејот на град Скопје

Изложби Сон за Јапонија и Хоризонт во Музејот на град Скопје

Утре, 12 јуни во 20:00 часот во Музејот на град Скопје ќе се отворат на изложбите на Ана Миланова – Сон за Јапонија и Игор Таневски – Хоризонт
Изложбите во Музејот на град Скопје се реализира по повод Наградата „Борко Лазески“ која младите ликовни уметници ја добија во 2018 година.
Во договор со семејствота на Борко Лазески (кое на Музејот на град Скопје му ги подари картоните од овој уметник употребени за реализација на големата „Фреска за НОБ“ реализирана во аулата на Старата железничка станица во Скопје во 1958.) Музејот на град Скопје прифати секоја година да организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел. Овојпат тоа се Ана Миланова и Игор Таневски.

image (1)

image

Ана Миланова – Сон за Јапонија

image (3)

image (2)

Игор Таневски – Хоризонт

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top