Насловна / Вести / Изложба „Живот во бои“ на Андријана Мациев во Кавадарци

Изложба „Живот во бои“ на Андријана Мациев во Кавадарци

Денеска (4 арил), со почеток од 20 часот, во Галеријата при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци ќе биде отворена самостојна изложба на Андријана Мациев од Скопје, насловена како „Живот во бои“.

Андријана Мациев (1980) дипломирала на Факултетот за Ликовни уметности во одделот графика во класата на проф. Димитар Малиданов. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Изложува самостојно и учествува на повеќе групни изложби, манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од државата.

Добитник е на повеќе награди меѓу кои во 2007 година „Избор на новогодишна честитка при ФЛУ”, во 2008 година Прва награда од Фондацијата Драгутин Аврамовски-Гуте, во 2009 година Награда на Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ од Скопје, во 2010 година Награда за посебен придонес во уметноста на графиката , а 2011 година под насловот „Слика, Музика Поезија” има перформанси во МКЦ и клубот „Парадизо“.андријана мациев

Активно учествува на групни изложби од 2006 година во Скопје, Белград, Инстанбул, Варна, Прилеп, Македонски Брод, Тузла, Шамелиер, Тетово, Куманово, Штип…

Учествува на многу работилници графички, изработка на рачна хартија, сликање со вино.

Испрати коментар

Scroll To Top