Насловна / Вести / За еден месец ќе биде пуштен панорамскиот лифт на Милениумскиот крст на Водно

За еден месец ќе биде пуштен панорамскиот лифт на Милениумскиот крст на Водно

Најмногу за еден месец ќе биде пуштен во употреба панорамскиот лифт на Милениумскиот крст на Водно, пишува „Утрински“. Билетот за возрасни и за деца над 14-годишна возраст ќе чини 50 денари, а возењето за децата од 6 до 14 години ќе чини 20 денари. Освен возењето со лифтот, дел од турата предвидува и движење на посетителите по краците на крстот, во присуство на едно лице вработено на крстот кое ќе ги проследува.MileniumskiKrst
Инаку, лифтот е веќе монтиран и се вршат последни подготовки за неговото пуштање во употреба. Лифтот е набавен од Франција и чини околу 300.000 евра. Производ е на фабрика која е во првите три најдобри за ваков тип лифтови. Има капацитет за 10 лица, а возењето ќе трае околу една минута.

Испрати коментар

Scroll To Top