Насловна / Арт и дизајн / Изложба во Загреб на 33 апстрактни бетонски споменици посветени на НОБ

Изложба во Загреб на 33 апстрактни бетонски споменици посветени на НОБ

Белгискиот фотограф Jan Kempenaers со години патуваше низ земјите на поранешна Југославија за да фотографира споменици подигнати и посветени на НОБ, а неговите фотографии на оваа тема подоцна се најдоа на Фото фестивалот во Њујорк.

Фотографот Wolfgang Thaler го стори сличното, откако соработуваше со хрватскиот архитект Мароје Мрдуљаш, тргна да ги фотографира овие споменици. Меѓу другото, во интервјуата објаснуваше како поради спомениците на ова подрачје, историјата на архитектурата ќе мора да се пишува од почеток.

1_resize

Споменик на револуцијата на Козара, (автор: Душан Џамоња)

Американецот Donald Niebyl издаде книга „Spomenik Monument Database“ во лондонската куќа Fuel – Publishing and Design, која се занимава со овие споменици. Кога разговаравме за „Јутарњи лист“, а тоа беше пред неколку години, тој ми рече дека како странец тешко се снаоѓал. Често, имено, немало никакви упатства, тој претежно ги следел упатствата на локалните жители, а помалку картите на паметните телефони.

Не верувам дека во овие неколку години нешто многу се промени, доволно е да се погледне во која состојба е еден од најпознатите споменици, оној на Војин Бакиќ на Петрова Гора, кој во моментов служи само како кулиса за германските дистописки серии кои се прикажуваат на Netflix.

Со спомениците се бавеа и на изложбата во њујоршката MoMA, кога беше прикажана архитектурата од овие простори, насловена „Бетонска утопија. Архитектурата во Југославија 1945 до 1980 година“. Меѓу другото на странците им е интересен податокот дека Југославија била меѓу првите земји кои го напуштиле повоениот соцреализам, па повеќето од овие споменици се всушност апстрактни.

сс_resize

Дистопија на Петрова гора

Многу уметници во својата работа се занимаваа со оваа тема, меѓу првите беше и Давид Маљовиќ кој сними видео, еден вид дистопија, на Петрова гора, во кое посетителите на иднината се прашуваат за што станува збор, бидејќи не го познаваат контекстот. Во меѓувреме, по Маљовиќ, голем број уметници тргнаа да се занимаваат со оваа тема, толку голем што стана во еден момент и напорно, бидејќи многу решенија, а особено образложенијата покрај делата, беа едноставно на прва топка.

3_resize

Споменик на востанието на народите на Банија и Кордун, Петрова Гора (автор: Војин Бакиќ)

Сепак, поводот за овој текст не е жалба за лошата состојба на спомениците во поранешна Југославија, иако односот кон нив честопати е маќеа, туку изложбата „Архитектура. Скулптура. Меморија. Уметноста на спомениците на Југославија 1945-1991 година“, која беше отворена во загребската галерија „Мирослав Краљевиќ“ (од 26.8. до 17.9.2021.), во соработка со љубљанската галерија „Dessa“, каде што претходно можеше да се погледне.

00_resize

Исто така, беше и во музејот Лапидариум во Новиград, а по Загреб, ќе биде прикажана во Сараево и ќе продолжи понатаму. Оваа изложба има дури седум кустоси, во Загреб кустоска поддршка даде Маја Павлиниќ.

Значи, станува збор за луѓе од просторите на поранешна Југославија, чиј поглед е повеќе инсајдерски. Но, не и интерпретативен. Во придружниот текст, на паноата, се објаснува каде и како се создадени овие споменици, и кој е нивниот контекст денес. Овој пристап е малку ларпурлартистички, но кустосите не бегаат од таков пристап.

зг_resize

Спомен – парк костурницата во Дотршчина во Загреб (автор: Војин Бакиќ)

Напротив, и самите наведуваат како триесет и три дела избрале врз основа на „висока архитектонска и уметничка вредност и исклучителна контенплација за пејзажниот простор“. Во првата верзија на изложбата имаше триесет споменици, во меѓувреме беа додадени уште неколку, меѓу нив: Спомен – парк костурницата во Дотршчина во Загреб, Спомен-костурницата на Владимир Гортан и Споменикот на рударот борец во Лабин.

5_resize

Споменик на рударот борец во Лабин

Солидно завршена работа

Сме пишувале за речиси сите овие споменици, така што изложбата не нуди откритија, туку контекстуализација на овие споменици која е испишана покрај нив. Но, неколкуте од нив кои на изложбата се еден до друг всушност му укажуваат на посетителот колку некои од овие споменици биле необични, и колку всушност, ако не го познавате нивниот контекст, би било тешко да разберете за што станува збор.

ilirska_resize

Илирска Бистрица,(автори: Јанез Ленаси и Жива Барага)

Еден таков пример е споменикот во Илирска Бистрица, изграден во 1965 година дело на Јанез Ленаси и Жива Барага, за кој ми беше мило да прочитам дека локалното население има добар и позитивен однос кон него. Необичен е и споменикот на рударските херои од НОБ во Косовска Митровица, можеби тоа е помалку познато дело на големиот интелектуалец Богдан Богдановиќ, кој е, да потсетиме, автор, меѓу другите и на Камениот цвет во Јасеновац.

kosovo_resize

Споменик на рударските херои од НОБ во Косовска Митровица (автор: Богдан Богдановиќ)

4_resize

Камен цвет во Јасеновац (автор: Богдан Богдановиќ)

Авторите на изложбата се повикуваат на фактот дека овој споменик денес се наоѓа во поделен град. Ако, меѓутоа, меѓу сите овие споменици, треба да се бара најнеобичниот споменик, тогаш тоа сигурно би бил оној во Крушево, кој беше подигнат во средината на 1970-тите години од Јордан Грабулоски, Искра Грабулоска, Петар Мазев и Борко Лазески, и споменикот Бубањ во Ниш од 1963 година, чии автори се Михајло Митровиќ и Иван Саболиќ.

кр_resize

Македониум во Крушево (автори: Јордан Грабулоски, Искра Грабулоска)

Изложбата не е тука за да се гледа необичноста на поедини споменици, туку за да можеме, кога ќе ги видиме сите заедно на едно место, да успееме да создадеме поширок контекст, што и успеваме, на изложба, која покажува триесетина избрани споменици од нив три илјади, колку – некогаш некој пресмета – се подигнати.

2_resize

Споменик на револуцијата на народите на Мославина, Подгариќ (автор: Душан Џамоња)

Солидна изложба, солидно завршена работа за документирање на овие споменици и нивните судбини денес, во повеќето случаи и одлични придружни фотографии на изложбата, но морам да признаам дека очекував уште подлабока контекстуализација, со оглед на тоа колку се занимававме со оваа тема до сега сите заедно.

Извор: Јутарњи лист

0_resize

Меморијален комплекс Тјентиште, општина Фоча (автор: Миодраг Живковиќ)

нис_resize

Бубањ во Ниш (автори: Михајло Митровиќ и Иван Саболиќ)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top