Насловна / Арт и дизајн / Изложба „Скопската алеја на меѓународната солидарност“

Изложба „Скопската алеја на меѓународната солидарност“

Во сабота, во 20 часот, во Градски парк Скопје, на платото пред споменикот на Гоце Делчев ќе биде отворена изложбата „Скопската алеја на меѓународната солидарност“, чиј автор е Зоја Богдановска, кустос советник историчар.

Izlozba

По повод 57 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, Музејот на град Скопје организира изложба за големата трагедија која се случила на 26 јули 1963 година. На 14 паноа акцент се става на клучните мигови по несреќата, на првата помош пристигната од тогашните југословенски републики како и на испружената рака на светот за помош на настраданото население на Скопје. Содржината на изложбата исполнета со текстови, фотографии, карти и мапи, на публиката ќе ѝ понуди повеќе информации за она што било Скопје пред земјотресот, како и за она што станало Скопје во времето на хуманитарната и солидарна помош на граѓаните на светот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top