Насловна / Арт и дизајн / Изложба на таканаречената „Југословенска збирка” од колекцијата на Националната галерија на Македонија

Изложба на таканаречената „Југословенска збирка” од колекцијата на Националната галерија на Македонија

На 17 октомври 2018 год. (среда), во објектот Чифте амам, во 19 часот ќе се отвори изложба со наслов „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босанско – херцеговски автори“ од колекцијата на Националната галерија на Македонија која се реализира во рамките на одбележувањето на јубилејот „Седумдесет години Национална галерија на Македонија”.

pokana

Изложените дела припаѓаат на таканаречената „Југословенска збирка” чија историја е тесно поврзана со историјата на Националната Галерија. Формирањето на збирката започнало во првите години од основањето на галеријата а временскиот период на создавање на делата се движи од почетокот на XIX до средината на XX век.

231. Мештровиќ Иван, Глава на жена (Портрет на Ада Павиќ), бронза, 1931-32, 55х28х20 (депо 3, Чифте амам (2А))

Мештровиќ Иван, Глава на жена (Портрет на Ада Павиќ), бронза

На изложбата ќе бидат презентирани околу 110 ликовни дела (слики и скулптури) од колекцијата на Националната галерија на Македонија. Ќе бидат претставени најзначајните имиња на сликари и вајари од бившите југословенски републики: Влахо Буковац, Мирослав Краљевиќ, Урош Предиќ, Целестин Медовиќ, Паја Јовановиќ, Петар Добровиќ, Петар Лубарда, Зора Петровиќ, Ѓорѓе Андреевиќ – Кун, Крсто Хегедушиќ, Омер Мухаџиќ, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ, Антун Августинчиќ и др. чие творештво го прикажува развојниот пат од класицизмот кон создавање на современиот модерен ликовен израз.

69. Краљевиќ Мирослав, Портрет на девојче I,1912, масло на платно, 64x50

Краљевиќ Мирослав, Портрет на девојче I,1912, масло на платно

Ќе биде презентиран и дел од оригиналната архивска документација поврзана со формирањето на оваа збирка во периодот од 1948 до 1956 година. Презентацијата на оваа документација ќе потсети на огромниот вложен напор, не само на тимот кој ја водел Уметничка Галерија (Борко Лазески, Никола Мартиноски), туку и на државните институции кои несебично и со голема одговорност ја поддржале оваа акција и придонеле Национална галерија да ја поседува најбогатата збирка од овој тип во Македонија.
Куратори на изложбата се Татјана Бундалевска и Славица Алексоска и истата ќе биде поставена до 18 ноември 2018 година.

627. Слана Франце, Композиција, масло на платно, 1960-61, 88x120,5

Слана Франце, Композиција, масло на платно, 1960-61

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top