Насловна / Вести / Изложба на проектот „НАОДИ“ во Концертната сала на МКЦ во Скопје

Изложба на проектот „НАОДИ“ во Концертната сала на МКЦ во Скопје

Денеска (28 декември), со почеток во 20 часот, во Концертната сала на Младинскиот културен центар во Скопје (кеј Димитар Влахов бр.15) ќе се отвори изложба на проектот „НАОДИ:“, со кој Република Македонија се претстави на 14-та Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција, одржана од 7 јуни до 23 ноември 2014 година.NAODI - Pokana

На настанот ќе биде промовирана и публикацијата „НАОДИ: Павилјон на Република Македонија, 14-та Меѓународна архитектонска изложба – Биенале во Венеција“, направена за потребите на македонското национално претставување, а во која се поместени резултатите од истражувањето на поставената тема на Националните павилјони – „Впивање на модернизмот 1914 – 2014“.

Автори на проектот се Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Бојан Каранаков, Огнен Марина, Горан Мицковски и Александар Радевски.

Испрати коментар

Scroll To Top