Насловна / Вести / Изложба на макети, минијатури и диорами

Изложба на макети, минијатури и диорами

На 3 и 4 март во Домот на армијата петти пат ќе се одржи изложба на макети, минијатури и диорами во организација на макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс “. Свеченото отворање е на 2 март во 20 часот.тенк

„Интересно во врска со макетарското хоби е што кај нас многу малку е застапено иако во светски рамки станува збор за сериозно хоби. Минијатурите се точни реплики на машини, бродови, авиони итн. и се изработени во размер.
Во склоп на макетарскиот викенд ќе се одржи и вториот по ред Куп Скопје, макетарски натпревар на кој силите ќе си ги одмерат макетари од целиот регион. Покрај медалите, ќе се додели и меморијална награда за најдобра макета на германското воено воздухопловство од Втората светска војна во чест на Мајор Михајло Ивановски – Микс. Годинешната специјална категорија е ‘Израелско воздухопловство’“, соопштија организаторите на настанот.

Присутните во времетраење на целиот викенд може да се информираат за начинот и времетраењето за изработка на минијатурите. Влезот е бесплатен.

Испрати коментар

Scroll To Top