Насловна / Вести / „Чуварот на изгубените шепоти“ во галерија „Остен“

„Чуварот на изгубените шепоти“ во галерија „Остен“

Во четврток (20 април), во 20.20 часот, во галерија „Остен“ ќе биде отворена изложбата „Чуварот на изгубените шепоти“ на авторите Харис Кондорсирис и Кристина Ѕани од Грција. PokanaКондосфирис и Ѕани беа учесници на Биеналето на цртеж Скопје 2016 и беа претставени во каталогот со свои репродукции.

Препознатливи по својот автентичен стил и интересна техника: Кондосфирис работи со цемент, објекти и цртежи (цемент на хартија) и Sани со исклучително впечатливо фигуративно сликарство (акварел на хартија).

Харис Кондосфирис е роден во 1965 година. Тој живее и работи во Лерин, Грција. Студирал филмска режија и ликовна уметност. Учествувал на меѓународни проекти во Италија, Германија, Турција, Велика Британија, Бразил и Кина. Тој бил претставник на Грција на 26 Биенале во Сао Паоло, Бразил (2004), учествувал на Биеналето во Пекинг (2005) и на Биеналето во Солун (2009).

Има реализирано 23 лични изложби и учествувал на повеќе групни изложби во Грција и во странство. Тој бил професор по ликовна уметност во Одделот за пластични уметности при Универзитетот во Јанина (2007-2010), а во моментот е соработник-професор на визуелни и применети уметности на Универзитетот на Западна Македонија, Лерин, од 2010 година.

Кристина Ѕани е родена во 1985 година во Атина, Грција. Таа дипломирала при Факултетот за ликовни уметности. Ѕани имала многу самостојни изложби, како и многу учества во значајни групни изложби.

Најважната нејзина самостојна изложба се одржала во галеријата „KХ5“ во Цирих, насловена „Заборавени шепотења“ во 2016 година, по која следеле изложбата во Археолошкиот музеј Игуменица „Надворешна чувствителност“ во Грција во 2016 година, изложбите во Даблин, Ирска, но и учества на други групни манифестации.

Делата на Ѕани можат да се најдат во јавни и приватни уметнички збирки и во Грција и во странство. Таа во моментов живее и работи во Кардица, Грција.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top