Насловна / Вести / Изградба на брана со помош на роботи

Изградба на брана со помош на роботи

Недостатокот на работници во градежниот сектор, не ја погодува само Европа, туку и далечната Јапонија. За да се справат со проблемот, Јапонците за извршување на некои работи, работната сила ја заменија со роботи, па така компанијата Obayashi гради брана со помош на роботи. Оваа брана се гради во областа Мие, која се наоѓа на Хоншу, најголемиот остров на Јапонија. Браната ќе биде долга 334 метир и висока 84 метри.

На градилиштето на браната дигалки со кои се управува далечински, изливаат бетон во прегради големи 15 метри и на тој начин ја градат браната слој по слој. Роботи ја полираат површината на секоја плоча за да сосздадат водонепропусен спој со наредната, а исто така и подигаат оплати.

ob_resize

Бидејќи станува збор за пилот проект, роботите не се препуштени сами на себе, туку на располагање се и работници, кои надгледуваат и насочуваат некои од машините. Меѓутоа, и покрај напредокот во автоматизацијата, некои работи не можат да се препуштат во потполност, без контрола од човечки ресурси, па така до сега продуктивноста е зголемена за само околу 10 отсто.

Од компанијата Obayashi велат дека целта е дополнително намалување на потребата од работна сила и дека учат од искуството. Се надеваат дека времето потребно за изградба, евентуално можат да го намалат за 30 отсто. Завршување на работите на браната се очекува во март 2023. година.

Јапонската градежна индустрија брзо старее, состојбата е таква што 35 отсто од сите работници сочинуваат оние од 55 години и постари. Поради тоа компаниите се во брзање да развијат автоматизирани машини кои би ги замениле работниците. Покрај тоа, изведувачите ќе бидат соочени и со построги правила за прекувремена работа од 2024. година.

Испрати коментар

Scroll To Top