Насловна / Арт и дизајн / Реставрацијата на оргулите во Нотр Дам ќе трае четири години

Реставрацијата на оргулите во Нотр Дам ќе трае четири години

Отпочнаа работите на обнова и реставрација на симфониските оргули кои се наоѓаат во париската црква Нотр Дам, уништена во пожарот во април минатата година.

Во пожарот кој ја зафати познатата париска катедрала, оргулите не биле зафатени од пламенот, претрпеле релативно мали оштетувања од водата во тек на гаснење на пожарот. Сепак, драгицениот инструмент бил прекриен со оловна прашина, а поедини делови се оштетени поради исклучително високите температури од оганот.

орг1_resize

Како што пренесуваат француските медиуми, работите почнуваат со прецизно размонтирање на конзолите кои се состојат од клавијатури кои се свират со раце и педални клавијатури кои се свират со нозе, а потоа и останатите делови на оргулите.

Се очекува дека реставрацијата и чистењето на вредниот инструмент ќе трае од 2021. до 2024. година, а самото размонтирање на 8.000 цевки на оргулите и останатите делови би можело да потрае до крајот на годината.

орг2_resize

Обновувањето на оргулите ќе биде еден вид „градилиште на градилиштето“, забележува специјалниот комесар за реконструкција на Нотр Дам, Жан-Луј Жоржијен и додава дека овој процес е исклучително важен за целокупното реновирање на катедралата.

Жоржијен верува дека инструментот би можел да биде спремен за петтата годишнина од избувнување на пожарот, за кога францускиот претседател Емануел Макрон вети крај на сите работи на Нотр Дам.

орг_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top