Насловна / Архитектура / Историскиот развој на Версај (Видео)

Историскиот развој на Версај (Видео)

Многу малку се туристите кои одат во Франција, а ниту еднаш не го посетиле Версајскиот дворец, кој се наоѓа југозападно од Париз. Ова издание, кое е симбол на моќта на Франција низ вековите, својот развој го бележи од 1620 година, кога настанал во својата основна форма како ловечки дворец на Луј XIII. Низ вековите дворецот опкружен со 815 хектари во паркови дополнително се развивал и во него живееле многу генерации на кралското семејство. Меѓутоа како навистина изгледал тој развој? Постојат две анимации кои тоа детално го објаснуваат.

Низ двете видеа на официјалниот YouTube канал на Версај претставена е историјата на архитектурата на дворецот и на сите околни објекти, како и нивниот ентериер.

Првото видео почнува со приказ на првобитната структура и формата на ловечкиот дворец направен за Луј XIII. Неговиот наследник, „кралот на сонцето“ Луј XIV на истиот имот има почнато амбициозен проект за изградба на дворец, кој траел половина век. Луј XIV целата својата Влада и судот ги преселил на ова место и продолжил да го дополнува и усовршува местото за цело време на своето владеење.

Неговиот наследник Луј XV има оставено и свој архитектонски печат во Версај, делејќи ги просториите на помали апартмани и формирајќи опера.

Во второто видео се прикажува дворецот почнувајќи од 1789 година каде на симболичен начин е претставен начинот на иселување на кралското семејство од Версај, кое следело по Француската револуција.

И покрај тоа што со години бил напуштен и имал многу оштетувања, со Луј Филип почнува низ проекти реставрацијата и пренамената на просторот, но без никакви драстични промени.

Има некои мислења дека денес Франција на ова место троши многу повеќе отколку што тоа го правел Луј XIV, што е можеби и уште една причина што овој комплекс годишно го посетуваат околу шест милиони луѓе.

Испрати коментар

Scroll To Top