Насловна / Вести / Исчистено коритото на реката Црн Дрим

Исчистено коритото на реката Црн Дрим

За прв пат од неговата изградба спроведено е чистење на коритото на реката Црн Дрим во Струга. Од коритото на реката отстранети се 14 илјади кубни метри талог, по што тоа изгледа кристално чисто.

korito Crn Drim1

Оваа интервенција придонесува кон зголемување на пропустната моќ на коритото, доведува до еднаква дистрибуција на брзината на реката, но и ја намалува можноста за натамошно таложење, а со тоа и ризикот од поплави.

Проектот се спроведува преку Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините во сливот на реката Црн Дрим, УХМР, Водостопанство на Македонија, Електростопанство на Македонија и повеќе невладини организации, додека чистењето на устието на реката е изведено со поддршка на Европската Унија.

УНДП континуирано работи на зголемување на отпорноста на поплави преку проекти за одржување и надградување на водната инфраструктура и системите за справување со природни катастрофи.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top