Венецуела располага со едни од најголемните нафтени резерви на светот, но претворањето на тој потенцијал во приходи од извоз, во голема мера зависи од тоа каде воопшто истите може да ги пласира. Откако САД го заробија Николас Мадуро, се очекува нафтената индустрија на Венецуела значајно да се промени. Но, каде досега завршуваше венецуелската нафта? Во текот на 2023 година, Венецуела извезла 211,6 милиони барели сурова нафта, при што над 90% завршиле во само две земји – Кина и САД. Притоа, Кина била доминантно одредиште со 144 милиони барели, или 68% од извозот на нафта на Венецуела. Во САД завршиле 48,5 милиони барели. Шпанија и Куба се следните две земји со значителни количини.

По американските санкции воведени во јануари 2019 година против PDVSA, со кои државната нафтена компанија на Венецуела е исклучена од американскиот финснсиски систем, голем дел од извозот на венецуелската нафта преминал на аранжамани „нафта за кредити“. Кина станува централна страна во тие аранжмани. Со оглед дека во новонастанатите околности се очекува САД да ја превземе контролата врз венецуелскиот нафтен сектор, Кина ќе биде приморана да го зголеми увозот од другите трговски партнери како Русија односно Иран.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија