Насловна / Вести / Интервју: Горјан Јовановски – Награда за екологија ПОРТА 3 2020

Интервју: Горјан Јовановски – Награда за екологија ПОРТА 3 2020

Горјан Јовановски (роден во 1993 година), софтверски инженер, стои зад апликацијата AirCare, позната како МојВоздух, која информира за загадувањето на воздухот во 39 земји на осум јазици. Наградата „Порта 3“ на Јовановски му се доделува за долгогодишното сеопфатно и сериозно работење на подигањето на еколошката свест. Во 2014 година, тој ја создаде мобилната апликација AirCare, која користи отворени податоци за визуализирање на загадувањето на воздухот, а податоците кои таа ги покажува предизвикаа протести на национално ниво во Северна Македонија од страна на граѓаните кои бараат локалните власти да преземат посериозни активности против ова прашање.

На крајот на оваа година Горјан Јовановски ја доби наградата Европски млад иноватор, а AirCare-Air Quality App е еден од победниците на WSA Global на 2020 во категоријата Животна средина и зелена енергија, а исто така е добитник и на наградата Македонски квалитет 2020.

123114799_10221873369817425_318231833801762473_o_resize

Горјан Јовановски е момчето коешто пред неколку години почна да ја бранува јавноста со пуштањето на апликацијата МојВоздух на која излегоа на виделина вистинските бројки околу загаденоста на воздухот во Скопје, а подоцна и во Македонија. Како дојде идејата да се направи една ваква апликација?

Идејата всушност беше случајност! Тогаш се учев како да правам апликации за Android телефони, и сакав да направам нешто што е корисно како мој прв проект. Кога налетав на податоците за загадувањето на воздухот од Министерството за животна средина, решив да ги прикажам истите на еден поедноставен и подостапен начин. На почетокот, МојВоздух беше наменета само за моите пријатели, и не очекував дека шест години подоцна ќе биде позната низ цел свет!

68879227_10217773879852738_5389422999944298496_o_resize

Со тек на време апликацијата се надградуваше, но и се прошири во други држави. Што сè се промени и каде „отпатува“ МојВоздух?

МојВоздух прв пат се прошири надвор од границите на Македонија во 2019, со влегувањето на српскиот пазар. Во Србија, како и на цел Балкан, се соочуваат со истиот проблем на аерозагадувањето, и затоа сакав да го повторам и таму успехот во кревање на јавната свест. Благодарение на локалните екозаедници и активисти, многу граѓани ја пронајдоа, се освестија и сега се води активна битка за чист воздух и таму!
Тоа беше во 2019, а денес сме веќе достапни на четири континенти, во над 40 земји, вклучително и на најголемиот пазар – САД. Проширувањето нè научи многу, од анализа на конкурентни пазари, до соработка со локални заедници, правејќи ја апликацијата уште подобра!

21728886_10212431611899378_3747355279485894829_o_resize

Подготвуваш ли нешто ново, некои нови апликации и што ќе биде тоа?

Секогаш размислувам како преку технологијата да можам да му помогнам на моето општество, а и пошироко. Пред некој ден ја лансиравме апликацијата ДарувајКрв, наменета за агрегирање на сите крводарителски акции во Македонија, со цел полесно да најдеш каде точно може да даруваш крв и да спасиш живот! Во исто време работиме со Зелениот институт за креирање мапа на потенцијални индустриски загадувачи на воздух и почва, и дигитализација на сите А и Б интегрирани дозволи издадени од државните органи.

130705943_10222175694975365_2278992473725865076_o_resize

Познат си како голем активист за заштита на животната средина. Како е да се биде неуморен екоактивист и што е она што те мотивира да продолжиш со активизмот во оваа средина?

Имаме уставно, но и човеково право да живееме во чиста и зелена животна средина. Кожа ми се ежи кога ќе видам како некој пробува да ми го забрани тоа право, посебно од лични интереси. Ниту една борба во светот не била победена од еден војник, но бидејќи знам дека сум дел од прекрасна заедница на активисти, со кои рамо до рамо се бориме за оваа, и за многу други важни цели, не се откажувам! Се надевам дека нашите напори ќе ги мотивираат и сите останати да застанат на нозе, и да ја одбранат својата животна средина, не само онлајн, туку и на улица.

21731176_10212431611939379_8848559093080450386_n_resize

Некое време работеше во booking.com и беше на релација Амстердам – Скопје, а сега си само тука, во Скопје. Кои се твоите планови во иднина, што може да очекуваме? 

Амстердам беше прекрасно искуство, во тие четири години научив многу! Но секогаш се обидував моето знаење да го пренесам тука, и на некој начин да помогнам во унапредувањето на Македонија. Да, ќе звучи клише, и за жал од многу лоши такви примери, се навикнавме да не веруваме на вакви изјави, но тие што лично ме познаваат, знаат дека ова го кажувам искрено. Поголемиот дел од мојот живот го поминав тука, ова е мој дом, и сакам мојот дом да расте и напредува. Мојот план е да вложам колку можам во решавање на локалните проблеми, а потоа патот сам ќе реши каде ќе одам.

133357128_10222295102320474_4801880833939919532_o_resize

Кон крајот на минатата година доби неколку престижни награди, како во Македонија, така и надвор од неа. Кои сè награди се вброија во твојата листа на успеси и што значи тоа за тебе?

Лани навистина добивме многу награди за нашиот труд. Сојузот на стопански комори и претседателот на државата ни ја доделија наградата Македонски квалитет 2020, а ја имавме честа и од вас да добиеме прекрасна награда за нашиот труд околу животната средина! На глобално ниво, бев одбран како најдобар млад иноватор на ниво на Европа за 2020 година, а МојВоздух доби и светска награда од World Summit Awards (организација под Обединетите нации). Сето ова е доказ дека сме на прав пат за навистина да направиме глобална промена во борбата против загадувањето, и мотивација да не престанеме со напредокот!

Што е според тебе пресудно за успех и што е она што те тера да целиш кон врвот?

Сите сме на оваа планета кратко. Може 70 – 80 години личат многу, но брзо летаат. Јас сакам, бар дур сум тука, да направам максимален позитивен импакт на мојата средина, и да ја оставам планетата да биде подобро место за живеење за идните генерации. Ако сите почнеме да размислуваме на еден таков начин, замислете на каква планета би живееле?

71302247_10218184177069912_4302968004028661760_o_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top