Насловна / Вести / Институтот за физикална терапија и рехабилитација работел без Елаборат за животна средина

Институтот за физикална терапија и рехабилитација работел без Елаборат за животна средина

Државниот инспекторат за животна средина спроведе координиран надзор во Институтот за физикална терапија и рехабилитација во Капиштец, откако деновиве добил бројни претставки за емисии во воздухот, преку новата алатка за пријавување загадување.

Institut Kozle

Од инспекторатот информираат дека било констатирано оти болницата работи без Елаборат за животна средина, која е обврзана законски да го поседува, по што веднаш била задолжена да го изработи во најкус можен рок, а оџаците од котлите на мазут да се чистат редовно.

“Чистењето оџаци го подобрува согорувањето и го намалува загадувањето. За постапувањето со медицински отпад немаше забелешки. Исто така, неопходно е да се спроведат мерења на емисиите во воздухот од страна на акредитирана лабораторија и да се подобри одржувањето на котелот, кој е во видливо лоша состојба. По обезбедување финансиски средства во најитен можен рок, треба да се напушти горењето мазут и да се премине на природен гас, да се вградат сончеви колектори и да се подобри енергетската ефикасност“, велат од Инспекторатот.

Државниот инспекторат за животна средина продолжува со надзори во јавните институции во координација со овластените општински инспектори. Оттука велат дека пријавите од граѓаните се корисни и добредојдени.

Institut Kozle1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top