Насловна / Архитектура / Интернационалната награда за дизајн Red Dot и импресивните системи за лизгачки елементи, влезни врати и дизајнерски прозорци

Интернационалната награда за дизајн Red Dot и импресивните системи за лизгачки елементи, влезни врати и дизајнерски прозорци

„Во потрага по добар дизајн“ – Red Dot Design Award е еден од најголемите светски натпревари за дизајн. Red Dot Label стана меѓународно етаблиран натпревар и е еден од најбараните знаци за потврда на квалитетот на добриот дизајн.

Со цел да се процени различноста во сферите на професионален начин, наградата за дизајн Red Dot се дели на три дисциплини: дизајн на продукт, дизајн на бренд и концептуален дизајн. Конкурсите за секоја од овие дисциплини се одржуваат еднаш годишно.

ddd

Во сферата на архитектонскиот дизајн сè поважно место заземаат продуктите кои ја сочинуваат „обвивката на зградата”, односно фасадните елементи кои овозможуваат модерна и транспарентна архитектура со функција на безбедност и лесен пристап.

Системите на Schüco како претходните години, така и во 2023 оставија силен впечаток на RedDot наградите за дизајн на продукт.  Четири Schüco системи ја заслужија наградата за дизајн поради високиот квалитет на производот.

Годинава, во фокус беа влезни врати со впечатливи димензии, лизгачки и преклопни системи за хармонично преминување од ентериер кон екстериер и иновативни прозорци со комбиниран профил од алуминиум и дрво, за топлина и естетика во ентериерот на домот.

Schüco AS PD 75.HI Panorama Design лизгачки систем

Schueco_AS_PD_75_HI

Сè е сокриено- естетика без видливи рамки, минимални дебелини на алуминиумскиот профил, рамен праг кој потонува во подот во затворена положба. Можност за различен дизајн, невидливо интегрирање на заштита од сонце, елегантна рачка за управување, автоматизирање на движењето- сè за да се овозможи совршена интеракција на дизајн, практичност, безбедност и паметна

Schüco AS FD 75/90.HI систем тип „хармоника”

Schueco_AS_FD_75_90_H

Систем на преклопување или „хармоника” за задоволување на највисоките архитектонски барања: можност за височина од 3.5m и крило широко 1.5m за целосен изглед на застаклена фасада. Крилото е лесно за преклопување и флексибилно во однос насоката на отворање- навнатре или нанадвор. Може да се отвори целосна широчина од 9m без остатоци од профили или фиксни полиња. Лесен достап за деца, постари лица или луѓе со попреченост, преплавена просторија со дневна светлина, непречена глетка нанадвор и поврзаност со околината.

Schüco AD AL 75 систем ротациона врата

Schueco_AD_AL_75_Pivot

Совршена хармонија на движење и дизајн: Schüco AD AL 75 е ротирачка врата која се состои од термички изолирани алуминиумски профили и иновативна технологија за заптивки air-lux. Дихтунзите се надувуваат со воздух, целосно затворајќи го процепот помеѓу крилото и рамката. Ова обезбедува одлични структурни својства во сите временски услови и создава пријатна средина за живеење. Крилото на вратата со импресивни димензии може да биде индивидуално дизајнирано со непроѕирен или стаклен полнеж.

Schüco WoodDesign систем алуминиумски прозорец со дрвен дизајн

Schueco_Alu_WoodDesign

 

Дрвото е безвременски, пријатен и природен материјал, совршен за домашниот ентериер.  Schüco ги комбинира двата материјали дрво и алуминиум во еден прозорски систем: алуминиумски прозорец во кој завршна дрвена површина го покрива внатрешниот прозорски профил и хармонично се вклопува во дизајнот на ентериерот. Однадвор, алуминиумот нуди импресивна стабилност, издржливост и отпорност.

Комерцијален текст

ccc

 

Испрати коментар

Scroll To Top