Насловна / Вести / Инстаграм од сега и без Интернет

Инстаграм од сега и без Интернет

Ако ви се случува често да го губите интернет-сигналот на мобилниот телефон, тогаш Инстаграм ви подготви добри вести.

Корисниците на оваа социјална мрежа сега ќе можат да ги прегледуваат претходно вчитаните содржини и офлајн.  Исто така, ќе можете да оставате коментари на објавите, да ги лајкувате,  и да ги подготвите вашите фотографии и видеа, а тие ќе станат видливи веднаш штом повторно добиете мрежа.инст

Инстаграм се одлучи да ја воведе оваа опција поради причината што многу од корисниците доаѓаат од земји во развој со лоша интернет-конекција.

Офлајн поддршката за Андроид апликацијата ја најавија на конференцијата Фејсбук Ф8, а според податоците, оваа социјална мрежа ја користат 600 милиони луѓе.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top