Насловна / Архитектура / Иновативни дрвни конструкции – 111 East Grand

Иновативни дрвни конструкции – 111 East Grand

Скромниот главен град Де Мон (Des Moines) на Сојузната Држава Ајова, САД, е сместен помеѓу огромните пченкарни полиња кои се земјоделскиот мотор за голем дел од земјата. По течението на реката Де Мон, се наоѓа еден дел од градот East Village каде биле сместени големи фабрики и магацини кои некогаш работеле со целосен капацитет.

Fasada 3_resize

Заради миграцијата на населението која се случувала подолго време овие големи објекти се пренаменети во ресторани, бизнис-центри и објекти за домување. На оваа локација, помеѓу големите бетонски објекти од минатиот век се појави првиот објект кој е конструиран од масивни дрвени плочи поврзани со големи дрвени типли (dowel-laminated timber – DLT) во Северна Америка. Новиот објект е проектиран од архитектонската фирма Neumann Monson architects.

Fasada 1_resize

Објектот е со висина од четири ката, каде на приземјето се предвидени продавници, ресторани и кафулиња, додека на останатите катови има канцелариски простории со вкупна површина од 6000 метри квадратни. Конструктивните елементи се отворени и видливи во ентериерот на целиот објект, но може да се видат и однадвор бидејќи фасадата на еден дел е отворена со што доаѓа до израз вистинската убавина на дрвото.

Enterier 5_resize

Архитектонскиот тим помина макотрпен процес на истражување за да одбере вистински партнер за реализација на проектот. За партнер е избрана компанијата StructureCraft Builders, инженерска фирма која има огромно искуство и признанија во проектирање дрвни конструкции. Архитектите заедно со избраниот инженерски тим одлучиле дека масивна дрвна конструкција е вистински избор за овој проект. Конструктивниот систем се состои од скелетен систем од лепени ламелирани носачи и дрвени плочи поврзани со големи дрвени типли за меѓукатните и кровните конструкции. Овие масивни дрвени плочи подолго време се користат во Европа, но во Америка подоцна започнале со нивно испитување, производство и користење. Овој производ е изработен од повеќе дрвни елементи споени со голема дрвена типла која се набива попречно и создава цврста врска помеѓу елементите и ги поврзува во целина.

Plocha_resize Konstrukcija 2_resize

Изградбата на објектот започнува во 2018 година со подигнување на неколку готови бетонски плочи за јадрото на зградата, односно делот каде што ќе биде лифтот. Бетонската конструкција ќе има функција на главна латерална поддршка. Секој дрвен столб и греда се нумерирани и испорачани на градежната локација, хронолошки по планот за подигнување на зградата. Подигнувањето на скелетната конструкција било завршено за шест недели со тим од осум луѓе, меѓу кои двајца инженери – раководители и шест локални работници – столари.

Konstrukcija 6_resize Konstrukcija 4_resize

Дрвените столбови и греди се испорачани од Австрија, како основен материјал, додека нивната дополнителна обработка се одвивала локално. Дрвните плочи биле произведени од страна на StructureCraft и со тоа се запишале во историјата како први производители на овој материјал за голем проект. Интересно е да се напомене дека овој објект има противпожарна заштита од 60 минути, односно при пожар, нема да се компромитира конструктивната стабилност за еден час.

Konstrukcija 1_resize

Континуираната иновативна работа на инженерите овозможува овие конструктивни системи да имаат многу добри карактеристики во случај на пожари, со што се отстранува една од главните бариери за употреба на дрвни конструкции во градежништвото. Овој објект има за цел да ги презентира сите овие достигнувања во дрвното инженерство и да го отвори патот на дрвните конструкции, помасовно да се градат во Ајова и насекаде во САД.

Fasada 2_resize Enterier 6_resize Enterier 3_resize Konstrukcija 6_resize

Испрати коментар

Scroll To Top