Насловна / Вести / Индија со седум најзагадени градови според СЗО

Индија со седум најзагадени градови според СЗО

Нова студија на IQAir AirVisual и Greenpeace ги идентификуваше градовите каде што загадувањето на воздухот е највисоко. На листата е доминантна Индија, со седум од најлошите десет градови.

India

Најзагадениот град на земјата е Гуруграм, финансиски и индустриски центар од речиси еден милион луѓе лоцирани околу 30 километри југозападно од Њу Делхи. Таму, просечните нивоа на загадување на воздухот во 2018 година беа 13 пати повеќе од дозволеното ниво според упатствата на СЗО, иако квалитетот на воздухот всушност се подобри од претходната година. Светската банка проценува дека загадувањето на воздухот ја чини Индија еквивалентно на 8,5 отсто од БДП што е огромна потрошувачка на ресурси. И со прогнозата за растот на економијата, зголемената индустријализација може уште повеќе да го влоши проблемот.

India 1

Ова ја поттикнало владата на Индија да отвори нова Национална програма за чист воздух, дел од она што министерот за животна средина Харш Вардан го опишува како „војна за загадување”. Таа има за цел да го намали загадувањето на честичките од 20 до 30 отсто во текот на следните пет години, преку комбинација на национални иницијативи и мерки специфични за одделни градови. Доколку е успешна, придобивките може да бидат драматични – додавајќи 1,3 години на животниот век на просечниот Индиец, и скоро три години за жителите на Делхи и за загадените области во Утар Прадеш.

Наспроти Индија, пак, извештајот покажува дека Шведска е меѓу најдобрите во светот.

Студијата е заснована на мерења на PM 2.5 честички во 73 земји во 2018 година и на рангирањето на земјите од најзагадениот до најмалку загадниот воздух.

Шведска е рангирана на 69-тото место, што значи дека само четири земји имаат повисок квалитет на воздухот и дека концентрацијата на PM 2.5 честички во Шведска е во рамките на упатствата на Светската здравствена организација (СЗО).

Најдобрите земји се Исланд и Финска, кои се рангирани на 73 и 72. место.

Во меѓувреме, Стокхолм е меѓу трите главни града со најдобар квалитет на воздухот.

Svedska

Во рангирањето на европските градови, Бредкелен, близу до Штромсунд во регионот на Јемтланд, е рангиран на прво место, а Умеа е 14-тото најчисто место во Европа.

На глобално ниво, во извештајот се истакнува колку места имаат слаб квалитет на воздух. Секоја година околу седум милиони луѓе умираат предвреме поради загадувањето на воздухот, а PM 2.5 честичките се еден од видовите на загадување што доведоа до најголеми здравствени проблеми. Во големи количества, овие честички можат да влијаат на респираторните и кардиоваскуларните системи.

Испрати коментар

Scroll To Top