Насловна / Архитектура / Илустративен и гигански во природата – Музеј на уметноста Заишуи, Кина

Илустративен и гигански во природата – Музеј на уметноста Заишуи, Кина

Архитектонското студио на Ишигами реализира огромен уметнички музеј во кој се сместени центар за посетители, кафуле и изложбен простор. Се наоѓа веднаш до реката Чаохе во провинцијата Шандонг, Кина, регион релативно познат по масовната урбанизација.

36

28 27 26 29

Проектот ја толкува архитектурата во пејзажен линиски размер. За да се намали визуелното влијание на изградената површина, одлучено е дел од зградата да се позиционира врз вештачкото езеро, што ги принудува посетителите да ги остават своите автомобили во паркинг просторот, кој се наоѓа на југоисточната страна на езерото и да се движат по долга рута која го преминува истото, со единствена цел, да го посетат музејот.

 

Музејот на уметности Заишуи, има за цел да биде почувствителен и да доминира низ пејзажот наспроти типологијата на соседните населби развиени низ серија блокови без никаков идентитет. Зафатот се наоѓа на влезот на овие станбени објекти како илустративна фатаморгана на пејзаж што што исчезнува низ густата урбана структура.

Ишигами издигнува габарит над езерцето, која на моменти изгледа како да се потопува во неа, со цел да создаде „архитектонско шеталиште“ во овој апстрактен пејзаж. Во својот линеарен развој, зградата претрпува варијации во наклонот и искривувањето на покривот.

23 19 21 16 14-copy-0

Објектот е потпрен на столбови, кои изгледаат како да излегуваат од дното на езерото. Системот на отвори овозможува водата да навлезе во внатрешноста за да генерира чувство, како да се наоѓате во песок. Во зградата ќе се појави пејзаж во ист размер како и надворешниот пејзаж, генерирајќи нова надворешна средина во архитектурата.

Луѓето ќе го доживеат надворешниот пејзаж повторно манифестиран во внатрешноста како да се шетаат покрај брегот и во исто време, ќе бидат обвиени со пријатна отвореност среде континуитет со постоечкиот пејзаж што ја опкружува архитектурата.

Проектот се обидува да генерира нови надворешни средини создадени во рамките на архитектурата од различни места и услови, манифестирани како пејсажи и природни феномени со различни карактеристики.

13-copy-0 11-copy-0 12-copy-0

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top